Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Којашевиќ и Барсегјан со настапи за своите репрезентации

Којашевиќ и Барсегјан со настапи за своите репрезентации

Нови двајца играчи на Вардар забележаа настапи за своите репрезентации. Тигран Барсегјан со селекцијата на Ерменија одигра натпревар против Казахстан, овој меч селекцијата на Ерменија го доби со резултат 2:0. Нашиот играч иако не започна како стартер уште во 5 минута доби шанса од клупата за резерви. Хамбарџумјан не се најде во составот за овој дуел.

Дамир Којашевиќ пак, имаше уште една добра претстава за својата репрезентација. Нашиот крилен играч и на овој натпревар се најде во стартниот состав на Црна Гора. Којашевиќ во 63 минута му додаде една одлична топка на својот напаѓач Мугоша кој стрелаше прецизно за 1:1. Којашевиќ одигра се до 81 минута кога беше заменет, по таа замена следуваше и погодок на Полска за 1:2. Со овој резултат и заврши натпреварот.