Продажбата на билети за четврт-финалето на ЛШ ќе се врши преку мрежата на www.ticketplus.mk, или на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.
Повеќе информации на info@ticketplus.mk или на телефонскиот број + 389 2 2401 980.
Женската екипа на Вардар во четврт-финалето се среќава со дански Митјиланд, а вториот меч се игра во Скопје на 15 април во 17,30 часот.
Машката екипа на Вардар, сѐ уште го чека својот противник во четврт-финалето на машката ЛШ. Тоа треба да биде победникот од дуелот меѓу Флензбург и Мешков Брест. Вториот меч од четврт-финалето Вардар ќе го игра во Скопје во перидот од 26 до 30 април.
Цени на билети:
РК Вардар
А блок – 600 денари
Централни – 500 денари
Позади гол – 400 денари
Стоење – 200 денари
ЖРК Вардар
А блок – 300 денари
Централни – 200 денари
Позади гол – 150 денари