Прва победа за пионерите на ФК Вардар во пролетниот дел од сезоната. Изминатиов викенд избраниците на Сашо Тодоровски го одиграа 14 првенствено коло во кое беа подобри од екипата на Милано. Сите дилеми околу освојување на трите бода беа решени уште во првото полувреме, кога црвено-црните имаа убедливо водство од 3:0. Овој резултат се покажа и како конечен на крајот од натпреварот. Двата од погодоците беа дело на стоперот Александар Ѓорѓиески, додека еден беше дело на Кренарт Дарлишта. Како помина мечот со Милано може да прочитате од изјавата на Ѓорѓиески.
-Натпреварот против Милано помина во најдобар ред, со оглед на тоа дека немавме победа на последните два меча. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но ние уште од првата минута влеговме сконцентрирано и со голема желба за победа. Среќен сум за двата постигнати голови кои придонесоа за триумф, а уште посреќен за играта и резултатот на тимот. Со помош на советите на тренерот Тодоровски и стручниот успеавме да го скршиме мразот и да се вратиме во нашата најдобра форма.
По одигрување на ова коло, бодовната разлика помеѓу Вардар и Шкупи останува седум бод во корист на тимот од Чаир. Поради нерешениот резултат на Шкендија, нашите пионери се вратија на второто место.
-Очекувам во остатокот на сезоната уште подобри игри како од мене така и од тимот. Секако дека нема да се откажеме од одбрана на двојната круна, можеби патот ќе биде многу тежок но ние веруваме во нашиот квалитет.
Звонко Ивановски