Во недела екипата на РК Вардар 2 ги продолжуваат натпреварите во рамките на првата ракометна лига. Избраниците на Зоран Петковски во недела од 18 часот гостуваат во Кавадарци на екипата на Тиквеш. Црвено-црните имаат три последователни победи во пролетниот дел од сезоната и утре ќе атакуваат на нов тримф, со кој ќе ја продолжат борбата за првото место кое од следната сезона носи директен пласман во најсилната супер лига. Во есенскииот дел меѓусебниот дуел на овие две екипи заврши убедливо во корист на Вардарци кои славеа со дваесет голови разлика, или конечниот резултат на тој натпревар одигран на Кале беше 40:20.
ГРК Тиквеш по 12 одиграни натпревари има три победи и девет порази и со 9 освоени бодови се наоѓа на претпоследното место на табелата. Младост и Вардар се издвоија на табелата, каде екипата од Богданци е на првото место со само еден бод повеќе од Вардар. Третото место е за Риниа, која заостанува девет бодови од екипата на Вардар.