Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Готово е! Раул Гонзалес селектор на репрезентацијата на Македонија
Готово е! Раул Гонзалес селектор на репрезентацијата на Македонија

Готово е! Раул Гонзалес селектор на репрезентацијата на Македонија

Се е веќе јасно, тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес ќе седне на селекторското место на машката репрезентација на Македонија. Шпанецот селектор на Македонија треба да биде се до 2020 година. Раул Гонзалес доби зелено светло и од Филип Милошевски, Милчо Чакарески и Гино Стерзовски, кој го предложија како најсложено решение.

Оваа одлука да биде нов селектор Раул Гонзалес, ја поздрави и Наумче Мојсовски некогашниот играч на РК Вардар. Гонзалес доаѓа на местото на Лино Червар кој си замина во Хрватска.

Очекуваме нашиот стратег да води одлична работа и во машката репрезентација, нешто слично како што прави со години веќе и во шампионот на Македонија, екипата на РК Вардар.