Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени главните судии за натпреварите од престојното коло во ПМФЛ. На неделниот дерби дуел на кој се среќаваат Вардар и Работнички ждребот сакаше фудбалската правда да ја дели Јакимовски Дејан од Скопје.
Се надеваме на добро завршена работа на судиите на овој меч. Натпреварот помеѓу овие две екипи се игра в недела со почеток во 15 часот, од овој натпревар ќе има директен пренос на Сител 3.