Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Второто пролетно коло во фудбалската Јуниор лига ќе се игра в Виница
Второто пролетно коло во фудбалската Јуниор лига ќе се игра в Виница

Второто пролетно коло во фудбалската Јуниор лига ќе се игра в Виница

Првото коло во фудбалската вардарова Јуниор лига се одигра во главниот град Скопје. Мечевите се играа на терените на Академијата на Фудбалскиот клуб Вардар во Градски парк. Овој викенд на програмата е второто коло од ова натпреварување.

На 2.април в недела ќе се играат натпреварите  во градот Виница кој ќе биде домаќин на ова второ коло.  Ќе се игра еден меч во генерација 2007 и три во генерација 2008 година. Распоредот на мечевите од ова натпреварување е следен:

ГЕНЕРАЦИЈА 2007 ГОДИНА

Слога 1932 Вардар Виница – Плачковица Радовиш (10:00 ч.)

ГЕНЕРАЦИЈА 2008 ГОДИНА

Слога 1932 Вардар Виница – Фудбал Старс Кочани (10:00 ч.)

Слога 1932 Вардар Виница – Плачковица Радовиш (11:00 ч.)

Рудар Јуниор Пробиштип – Мал Ајакс Вардар Штип (11:00 ч.)