Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сања Дамњановиќ го напушта Вардар на крајот од сезоната и се сели во Сиофок со кој потпиша договор на две години

Сања Дамњановиќ го напушта Вардар на крајот од сезоната и се сели во Сиофок со кој потпиша договор на две години

Српската репрезентативка, Сања Дамњановиќ по крајот на оваа сезона го напушта Вардар и се сели во екипата на Сиофок од Унгарија. Таа со тимот од Унгарија потпиша договор на две години. Сиофок сака да направи тим кој ќе биде конкурентен на Ѓер и ФТЦ Будимпешта. па токму Дамњановиќ е една од првите засилувања на екипата за следната натпреварувачка сезона. Уште една репрезентативка на Србија од следната сезона ќе биде дел од Сиофок, а тоа е Кристина Лишчевиќ. За Дамњановиќ ова е втора сезона во дресот на Вардар, еднаш  го освои бронзениот медал во лигата на шампионите, како и двојната домашна круна.

На Сања и посакуваме многу среќа и успеси во новата средина.