Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар (2) генер. “2006“ се врати од негатива и одигра со нерешен резултат против екипата на Сарај

Вардар (2) генер. “2006“ се врати од негатива и одигра со нерешен резултат против екипата на Сарај

Вардаровата генерација родени “2006“ година во текот на денешното коло од детската лига одиграа еден натпревар. Активна беше екипата на Вардар (2) која одигра со нерешен резултат 3:3 против екипата на Сарај.

Очигледно беше дека во противничкиот тим играа неколку повозрасни момчиња, разлика која се почуствува и на теренот. Сепак и покрај топа црвено-црните не се предадоа во ниту еден момент и успешно му парираа на противникот. Екипата на Сарај го отвори резултатот на 0:1, со силен прецизен удар кој нашиот голман Данстак неможеше да го скроти. Набргу противникот имаше уште една шанса, но топката заврши покрај голот на Сарај. Првиот обид во редовите на Вардар го имаше Олег Трифуновски кој шутира покрај голот. Нова добра шанса имаше Сарај, но Данстак не дозволи поголема негатива. Вардарци правеа обид да создадат поголема шанса, а една таква имаше Олег Михајловски, но во последен момент еден од противничките играчи ја исфрла топката од гол линијата. Последната прилика во првиот дел ја имаше Трифуновски, чиј удар го брани голманот. По првиот дел резултатот е 0:1.

Во второто полувреме, Сарај имаше добра предност која не успева да ја зачува до крајот. Противникот ги постигнува и следните два гола на мечот и поведе со 3:0. Сепак и покрај негативата, избраниците на Арсовски не помислија да се предадат и до крајот на натпреварот со три голови успеаа да стигнат до израмнување. Најпрво на 1:3 намали Олег Трифуновски, за во наредните минути со двата погодоци во серија на Димитар Порчу, Вардар да го израмни резултатот на 3:3. Овој резултат се покажа и како конечен на крајот од натпреварот. Сепак мора да се потенцира големата желба за надигрување кај нашите момчиња, кои и покрај тоа што Сарај не играше целосно со ова годиште на играчи, сепак на крајот извлековме бод.