Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар победија со 3-0 во мечот со ФК Победа

Младинците на ФК Вардар победија со 3-0 во мечот со ФК Победа

Денес на теренот во населбата Аеродром на младинската екипа на ФК Вардар гостин беше тимот на ФК Победа од Прилеп. Нашите момци лесно го добија овој дуел со одлична игра во скоро целиот натпревар, ние триумфиравме со 3-0(3-0).  Тренерот на овој наш тим Љупчо Марковски-Калц мечот го почна со овие момци: Трајчевски, Тодоровски, Ричков,  Личина (капитен), Исмаил, Димков,  Додевски, Колевски, Димитровски, Најдовски, Стојчевски.

1

Димков Викотор погоди 2 пати денес!

На почетокот тргнавме рано да погодиме со цел да дојдеме до победа првите моменти од мечот почнаа со наша иницијатива. Веќе 150 секунди односно во 3.минута од мечот погодивме за 1-0. Најдовски проби од десно центираше одлично до Колевски Бојан кој од неколку метри со лизгачи старт погоди на наше водство. Димитровски во продолжение се обиде со волеј да зголеми на 2-0, топката голманот на гостите Котевски Даниел исфрли во корна со парада.  Напаѓаме постојано, по лево солира Виктор Димков влеува во казнениот простор голманот Котевски повторно исфрли во корна.  Истиот играч потоа се обиде и со волеј кој не заврши во мрежата. На Димков Виктор третата прилика му се посреќи, тој успеа да постигне гол за наше водство од 2-0. По голот повторно Димков е најопасаен во нашиот напад, се обиде со волеј кој заврши во телото на голманот на прилепска Победа. Се редат прилики пред голот на гостите, ние трагавме по трет гол за нас на овој младински дуел. Стојчевски Филип се обиде во продолжение од дистанца топката заврши крај голот.  Голема прилика имавме и откако одлично центрираше Димитровски Теодор топката дојде до Стојчевски кој упати волеј крај голот, во продолжение тој излезе од игра, а в игра влезе Даци на негово место.   Колевски одлично прифати една топка го пронајде во казнениот простор Димков Виктор кој го постигна неговиот втор гол денес, со кој поведоа избраниците на Љупчо Марковски-Калц со 3-0.  Тодоровски Тодор се обиде потоа со удар од дистанца кој не заврши во гол.  Прва прилика гостинот имаше за погодок преку Ристески кој шутна крај голот на црвено-црните.  Последни прилика за нас во првиот дел ги имаа Димков и Додевски кои се обидоа со удари од дистанца, сепак на одмор се замина со предност од 3-0 за нас.

0 2

Вториот дел почна со офанзива на црвено-црните, Колевски постигна гол по 4 минути игра  кој судиската  двојка го поништи поради недозволена позиција. Победа конечно се ослободи од стегите нападна во следните пет минути сепак тоа не донесе некоај сериозна шанса за нив, нашата одбрана беше на виско ниво недозволувајќи Трајчевски да биде загрозен. Ние лесно се одбранивме и тргнавме повторно во целосна офанзива на овој натпревар со цел да постигнеме гол повеќе во овој веќе извесен триумф за нашите момци. Следеше игра на средина на теренот двете екипи играа борбено со многу дуели, фаули и желба за надигрување. Виктор Димков во продолжение му остапи место на Тодоровски Борјан.  Прилика имавме за гол преку Тодор Тодоровски кој влезе одлево и шутна силно, топката заврши во надворешниот дел од мрежата од голот на Победа.Вардарци мирно го приведоа мечот кон крај, без некој поголеми возбудувања, тие триумфираа и освоиа нови три бода.

4

Натпреварот го следеше тренерот на првиот тим на Вардар, Гоце Седлоски заедно со тренерот на голмани и голманот Гачевски Филип.