ФК Вардар генерација 2008 продолжува со победите во детската лига. Нашите млади момчиња попладнево славеа нови две победи против тимовите на Скупи 2 и Њу Јорк.
Најпрвин на теренот излезе тимот на Вардар 1. Нашите момчиња уште во првите три минути од натпреварот го отворија резултатот, потоа одеше се полесно. Двоецот Дамјановски – Азизи и на овој натпревар покажа дека се одличен воигран тандем. По првиот дел Вардар имаше предност од 2:0. Во вториот дел Вардар заигра уште по убав фудбал, следуваа уште четири погодоци за вкушно шест на овој меч. Честитки до целиот тим за прикажаната игра денеска. Стрелци на головите: Ненад Дамјановски (2), Арти Азизи (2), Павел Андов (1), Стефан Марковски (1).
ФК Вардар (2) се намачи да го најде патот до голот на противничкиот голман кој денеска беше феноменален. Нашите играчи во текот на целиот меч ја имаа топката во свој посед, створија многу шанси, но реализацијата изостана се до последната минута од мечот. Денеска свој ден имаше голманот на Њу Јорк кој одбрани неколку чисти погодоци за нашиот тим. Наградата за трчањето и многуте шанси се исплатеше во 39. минута кога еден удар на Матео Ќесиќ се одби од еден противнички играч и влезе во голот на Њу Јорк за 1:0 за Вардар и голема радост. Честитки и до овој тим за денешната победа.