Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар предводени од Колев триумфираа со ФК Победа

Кадетите на Вардар предводени од Колев триумфираа со ФК Победа

На теренот во Јане Сандански денес се одигра меч од кадетската фудбалска лига во кој вардаровите кадети беа домаќини на екипата на ФК Победа од Прилеп. До победа со 1-0 на овој меч дојдовме во вториот дел. За нас на овој натпревар тренерот Влатко Колев се одлучи да стартуваа со следните момци: Денковски, Џуклевски, Јордановски, Серафимовски, Бериша, Јахја, Маркоски (капитен), Насковски, Петревски , Трајчевски и Стојчевски.

2 3

Мечот го почнавме со целосна доминација на теренот од првата минута избраниците на Колев тргнаа да победа и постигнување на гол. Гостите целосно беа ориентирани на дефанзива во почетните минути. Прва прилика имамве преку Абулхади кој се обиде со глава, не неуспеа да погоди откако доби корисен центаршут од Маркоски. Потоа голема прилика имаме прку  Маркоски кој се обиде од 20 метра топката мина крај голот. Идентична прилика имавме преку Стојчевски сепак и тој удар мина на неколку сантиметри крај гредата од голот на Боболевски Костадин. Единствената прилика а гостите беше некаде во 20 минута, на нашиот гол одличен беше Давид Денковски кој интервенираше атрактивно. Трајчевски забележа прилика тој шутна од 6-7 метра сепак одлично одбрани голманот на гостите. Постојано сме во офанзива имаме голем број на шанси прилики пропушта Марковски,  и Трајчевски кој се обиде со удар од 16-18 метра. Тој пласираше во горниот десен агол сепак Боболевски со крајни напори исфрли во нова корна за црвено-црниот пионерски колектив.  Постојано имавме прилики, но среќата не не посакуваше. Џуклевски се обиде со удар од дистанца кој заврши над гредата, потоа Трајчевски од 3-4 метри со глава шутираше во голманот.  Докрајот постојано напаѓавме за одбележување е и шансата на Насковски, кој биеше со глава од 13-14 метри над пречка.

1 4

Вториот дел почна исто така со наша офанзива постојани прилики, сепак повотрно “фортуната“ беше на страна на гостите од Прилеп. Трајчевски и  Абдулхади имаа по една прилика на почетокот во вториот дел, сепак мрежата на Победа остана недопрена. Конечно по 6 минути игра Александар Трајчевски во еден соло продор, ја измами одбраната на гостите потоа остана сам на сам со голманот одкосо, умешно пласираше во долниот десен агол за наше водство од 1-0 кое може да кажеме дека беше повеќе од заслужено. По голот многу не се промени играта на теренот ние напаѓавме, а прилепчани се бранеа. Голема прилика во 10 минута од вториот дел испушти капитенот Марковски кој шутна крај голот од некој десетина метра. По слободен удар одлично нафрли нашиот капитен топката дојде до Абдулхади кој нависоко скокна во казнениот противнички простор и со глава шутна одлично, сепак топката мина крај гредата на неколку сантиметри со што пропуштивме уште една голема прилика на овој кадетски натпревар. Марковски се обиде во продолжение, солираше дојде на 20 метри се одлучи за удар топката по којзнае кој пат денес мина блиску над гредата од голот на Боболевски. Прилепчани целосно се оренирани на одбрана, се обидуваа од контри да се заканат сепак ние во раната фаза на нивните контранапади на половината на теренот успеавме да ги неутрализираме истите. Прилика со глава која заврши во рацете на голманот на победа имаше во продолжение Јордановски.   По оваа шанса повторно бевме во постојан налет трагајќи по нов, втор гол. Одличен слободен удар изведе нашиот капитен голманот кратко ја одби, на топката налета Јахја кој погоди, сепак судиската тројка покажа дека голот не е регуларен поради офсајд.  Одлична прилика имаше и Бериша Јакуп кој чии удар голманот на гостите успеа со нога да го исфрли во поле.  Тоа беше последна прилика за одбележување на овој меч, на кој дојдовме до нови три бода.