Денес на терените на ФФМ продолжија натпреварите од седмото пролетно коло во детската фудбалска лига. Активна беше генерацијата на ФК Вардар родени “2005“ година, кои одиграа еден натпревар, а еден го добија со службен резултат.
Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој се сретна со екипата на Њу Старс 3. Овој дуел убедливо им припадна на црвено-црните, кои славеа со високи 14:0. Првите удари кон противничкиот гол ги имаа Филип Јовановски и Никола Величковски, но топката заврши покрај голот. Прва поголема шанса имаше Давор Лефковски кој упати удар, но во последен момент топката од гол линијата ја исфрла еден од играчите на Њу Старс. Нововлезениот Симеон Здравковски има за краток период два удари, но резултатот сеуште остана непроменет. Набргу започна голеадата за избраниците на Игор Кралевски, а прв мрежата на противникот ја погоди Матеј Гаштаров за водство од 1:0, на асистенција од Величковски. Следните три гола на натпреварот беа дело на Филип Јовановски. Најпрво преку удар од белата точка ( по три направени корни), носи водство на Вардар од 2:0. Истиов играч зголемува и на 3:0. откако во улога на асистент се најде Здравковски, а Филип успешно реализира за предност од 3:0. Уште еден гол до истекот на првите 25 минути и тоа со хет-трик на Јовановски, за на полувреме резултатот да гласи 4:0.
Уште поофанизивни бевме во вториот дел, кога успеавме да постигнеме уште 9 голови. Давор Лефковски на два пати се обиде, но неговите удари ги брани голманот на Њу Старс. Следуваат првите погодици на мечот и за Никола Величковски и тоа два последователни за веќе убедливо водство од 6:0. Денес нашата дефанизвна линија делуваше сигурно, а нашите голмани речиси и да немаа поголема работа. Прв гол на натпреварот постигна и Филип Радевски, кој зголемува на 7:0. На овој гол претходеше удар на Гаштаров, кој од прва голманот успешно го скроти, но на одбиената топка наиде Радевски. Продолжија нападите на црвено-црните кои резултираат со хет-трик на Величковски, за веќе предност на Вардар од 8:0. Во листата на стрелци успева да се запише и стоперот Давор Серафимов кој зголемува на 9:0. Втот гол на натпреварот проследуваме и за Филип Радевски за веќе двоцифрена предност од 10:0. До крајот на натпреварот уште четири голови во мрежата на Њу Старс, а редоследно ги постигнаа Серафимов (11:0), Здравковски (12:0), Гаштаров (13:0) и Јовановски (14:0).
Вардар (2) го доби својот натпревар со службен резултат. Тие требаше да одиграат натпревар со екипата на Њу Јорк, кој не се одигра бидејќи противникот немаше доволно играчи за да излезе на теренот. На тој начин Вардарци службено ги добиваат бодовите од овој натпревар. На четири кола пред крајот на регуларниот дел од детската лига. оваа генерација под водство на Кралевски останува со максимален број на освоени бодови.