Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > По серија од 10 меча дури минатиот дуел Работнички успеа да не победи, утре ние бараме одмазда

По серија од 10 меча дури минатиот дуел Работнички успеа да не победи, утре ние бараме одмазда

Утре по репрезентативната пауза  на програмата е прволигашки фудбал во земјава. Утре ќе се игра новото,  24. коло во македонската прва лига. Нашиот љубимец ФК Вардар, ќе биде дел од “градското дерби“ со Работнички. Нашиот црвено-црн колектив е домаќин на мечот кој се игра од 15-00 часот.

Во последните 11 дуели помеѓу овие два тима “Романтичарите“ победија само еднаш и тоа на последниот дуел помеѓу скопските ривали. Претходно во десетте одиграни градски пресметки црвено-црните имаа шест победи, четири мечеви завршија реми и немаа ниту еден пораз.  Потоа следеше мечот   одигран на 20.11.2016 кога тимот на Работнички сите не изненади победи со високи  и неочекувани 3:0. Нашиот тим дербито  го дочекува на првата позиција на табелата со освоени 53 бодoви, нашиот ривал  се наоѓа на третата позиција на табелата со досега освоени 39. Вардарци утре влегуваат како фаворити во овој дуел, сепак тоа треба да го покажат на зелениот терен и да не дозволиме уште едно изненадување од тимот од Градски Парк во истава сезона. Овие бодови се посебно важни за нас во битката за титула со тетовска Шкендија.

Tреба да се напомене дека од дербито директен пренос покрај на стандарните видео стримови ќе може да погледнете и на ТВ-екраните. Мечот  ќе ги пренесува “Сител-3“. Делител на правдата за овој натпревар беше “извлечен“ Јакимовски Дејан од Скопје.