Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > БРАВО! Вардар во дербито за вицешампионската позиција во кугларската лига го победи ГТЦ

БРАВО! Вардар во дербито за вицешампионската позиција во кугларската лига го победи ГТЦ

Големо БРАВО  за црвено-црниот кугларски колектив, тие денес беа домаќини на екипата на КК ГТЦ Мусандра во мечот кој беше дуел кој го носеше епитетот “дерби за среброто“.  Двата тима имаа по исто бодови пред овој клучен меч за вицешампионската позиција во Македонската кугларска лига. По кажувањата на тренерот на Вардар, Драги Димитровски во изјавата за нас и по формата ГТЦ влезе како благ фавориот сепак нашите момци се издигнаа и триумфираа.

Вардарци победија со 6:2 во поени, со што покажаа дека беа далеку подобри во овој дуел. Во сетови   резултатот на натпреварот беше нерешен 12:12. Нашите момци соборија  3228 “дрва“, а нашиот ривал успеа да впише скор од 3203.  На првата патека големо дерби, за нас настапи Димитар Димитровски за противникот нивниот најдобар поединец Лазе Атанасов. Нашиот лидер го оправда епитетот и победи во овој дуел, тој имаше најдобар скор денес 587 “соборени дрва“. На втората патека настапи Бранко Митиќ и неговата измена М.Згонц,  тие  изгубија поен од Даниловски. Нашите куглари собори 482 дрва.  Во втората серија за нас настапија Миле Димковски и Поп Крстев. Искусниот Миле успеја да блесне денес кога беше навистина потребно дојде до победа, тој имаше најдобар скор во тимот после Димитар Димитровски денес, впишувајќи  скор 569. Нашиот втор учесник во овој дуел Поп Крстев беше поразен 506. Дојде последниот одлучувачки трет круг влегуваме во истиот со резултат 2-2 и минус околу 60 “дрва“. Кога висеше мечот на патеката се појавија двајца млади и талентирани момци Младен Донковски и Димитар Димитровски, тие “загризаа“ јако дојдоа до победи во дирекните дуели со што поведовме со 4-2. Сепак тие го дигнаа и бројот на “соборени дрва“ на повисоко ниво со што дојдовме до уште два бода за победа 6-2. Донковски со 530 “дрва“ го совлада секогаш незгодниот Ајдин, а Дарко конечно покажа дека е квалаитет и со 554 “дрва“ однесе победа со силниот Звонко Саздов.

Браво момци за оваа победа која речиси ни ја обезбеди втората позиција зад шампионот КК Макпетрол што е наш таргет оваа сезона. Честитки и за тренерот Драги Димитровски кој го водеше тимот маестрално до нова победа.