Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Кузман го победи РК Урдаревски и ги зголеми шансите за пласман на Ф4, кај генер. “2000/01

РК Кузман го победи РК Урдаревски и ги зголеми шансите за пласман на Ф4, кај генер. “2000/01

Во Спортскиот рекреативен центар Кале денес продолжија натпреварите во ракометната “Јуниор“ лига. Беа одиграни два натпревари во возрасната генерација родени 2000/01 година, по еден во машкиот и женскиот дел.

Во женскиот дел силите ги одмерија екипите на РК Урдаревски и РК Кузман, натпревар кој заврши со победа на Кузман од 14:19. РК Урдаревски прв го отвори резултатот на 1:0, но девојките на Александра Кузмановска вратија со серија од 0:4 за да имаат предност од 1:4. Во следните шест минути, екипата на РК Кузман го одржуваше водството, имаше и позитива од 5:7, но Урдаревски не дозволи на противникот да се одлепи, па на две минути пред крајот на првото полувреме го израмни резултатот на 8:8. На одмор, Кузман беше тимот кој имаше минимално водство од 9:10.

Вториот дел започна со серија на Кузман од два погодоци, за да ги вратат оние три гола позитива од стартот на натпреварот (9:12). Работите околу победникот беа појасни кога, девојките на Кузмановска стигнаа до убедливи 11:17, по што полека се наѕираше победникот на овој натпревар. До крајот умешно се одржуваше предноста, за на крај да слават со резултат 14:19. Ова е важна победа за оваа генерација на РК Кузман, која се бори за пласман на завршниот турнир на најдобрите четири екипи. Најефикасна кај победникот беше Александра Марковска со пет голови.