Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Доминација на РК Кастратовиќ кај генер. 2004/05, со две нови победи избраничките на Дамовска го потврдија учеството на Ф4

Доминација на РК Кастратовиќ кај генер. 2004/05, со две нови победи избраничките на Дамовска го потврдија учеството на Ф4

Денес во спортскиот рекреативен центар Кале се одиграа натпревари во ракометната “Јуниор“ лига. Се одигруваат последните две кола во различни возрасни генерации, пред започнување на завршните турнири и дознавање на победниците.

Во женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година, утринската програма на Кале ја отворија екипите на РК Кастратовиќ и Ново Лисиче, овој меч воедно беше и дерби на колото во оваа генерација.Натпреварот им припадна на Ново Лисиче со резултат 11:16. Немавме можност да гледаме многу голови на овој меч, кој се играше цврсто во одбраната од страна на двете екипи. Се до крајот на првиот дел се играше гол за гол и ниту една од екипите немаше поголемо водство од еден гол. При предност на РК Кастратовиќ од 5:4, избраничките на Аврамовска прават серија и на одмор, Ново Лисиче заминува со предност од 6:8.

На стартот на второто полувреме, избраничките на Дамовска постигнуваат два последователни голови и го израмнуваат резултатот на 8:8. Сепак во следните четири минути екипата на Ново Лисиче успеа да направи серија од 0:3 и за прв пат на натпреварот да има највисоки 8:11. Ова беше решавачкиот момент за конечниот победник. РК Кастратовиќ не успеа да се врати во натпреварот, додека Ново Лисиче го зголемуваше водството. Конечниот резултат гласеше 11:16.

Уште еден меч во истава генерација беше денес на програмата, но истиот не беше одигран. Тоа е натпреварот помеѓу екипите на Опш. Кисела Вода 2 и РК Кастратовиќ Вардар. Избраничките на Кастратовиќ го добија истиот со службен резултат, поради непристигнување на екипата од Кисела Вода.