Денес во Прилеп кај екипата на ФК Победа гостуваа двете пионерски екипи на црвено-црните. Помладите пионери во меч од лигата дојдоа до победа над врсниците од Пелагонија. Момците на Јанев триумфираа со резултат 0-3 (0-2). Вардар овој меч го стартуваше со следните момци: Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Асенов, Манасиевски, Бојковски, Апостоловски, Димоски, Илиевски, Астарџиев и Спировски.
Ние тргнавме уште од првата минута на овој дуел да дојдеме до победа, избраниците на Сашо Јанев напаѓаа постојано и трагаа по погодок за водство. Најпрвин “бункерот“ на домаќините го скршивме во 10.минута кога Илиевски Марио постигна гол за 0-1. Трагавме по нов погодок, по серија прилики дури по 25 минути односно на почетокот на 35 минута погодивме преку играчот Спировски за наше водство од 0-2. Со овој резултат се замина на одмор во Прилеп.
Вториот дел го почнавме со напади со цел постигнување на нов погодок и со офанзивна игра да го одбраниме резултатот од првиот дел. Поведовме и со 0-3 преку Спировски Марио , тој погоди денес вторпат во 49. минута од натпреварот за 0-3. Ова се покажа како последен погодок на мечот иако имаше доста време до крај двата тима не успеа да погодат. Со оваа победа ја продолжуваме победичката низа оваа пролет.
Во вториот натпревар пионерите беа поразени од Прилепска Победа со минимални 1-0.
Ние овој меч го почнавме со- Тимевски, Димов, Калчиноски, Наумчески, Ѓорѓиески, Стојчески, Дарлишта, Адем, Благоевиќ, Реџепи и Битиќи. Единствениот гол за домаќинот беше постигнат во 30минута, стрелец беше Митревски Андреј.