Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение

Комити соопштение

Вчера навивачката група на Вардар, Комити Запад на својата фб-страница објави соопштение, истото ви го пренесуваме во целост:

После неуспехот да не направат пиони и да ни ја забранат слободата да ги изнесуваме нашите мислења за состојбата во клубовите, раководствата на ФК ВАРДАР и РК ВАРДАР решија да ни ги затворат вратите од нашите трибини и да ни забранат присуство на натпреварите.
КОМИТИ ЗАПАД никогаш не потклекнале на притисоци, забрани и закани, НЕМА НИ СЕГА !!

Затоа, ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ КОМИТИ и оние кои не подржуваат, утре, да се обединиме и да застанеме заедно против сите што мислат дека се над нас.

КОМИТИ се нераскинлив дел од ВАРДАР и веќе 30 години верна сенка на клубот, многу повеќе од сите управи и раководства во историјата на клубот.

НЕМА да дозволиме ниту овој пат некој да си поигрува со чувствата на најверните навивачи и со разни забрани и притисоци да влијаат врз слободоумното размислување !!

РАКОВОДСТВАТА, УПРАВИТЕ И СОПСТВЕНИЦИТЕ СЕ МЕНУВААТ, САМО НИЕ СМЕ ВЕЧНИ, ТАКА И КЕ ОСТАНЕ !!!

НЕДЕЛА, 14 ЧАСОТ, ФОНТАНА ПАРК.

ЗА ВАРДАР, ЗА КОМИТИ !!!