Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Финале во Јуниор лигата обезбедија РК Преспа и РК Шампион кај момците во генер.2002/03

Финале во Јуниор лигата обезбедија РК Преспа и РК Шампион кај момците во генер.2002/03

Денес во салата Јане Сандански се одиграа двата полуфинални дуели кај момците во ракометната Вардар Јуниор лига за генерацијата родени 2002 и 2003 година. Финале обезбедија РК Шампион од Скопје и РК Преспа Вардар  од Ресен.

Во првото полуфинале кај оваа генерација РК Кале од Кичево се сретна со екипата на РК Шампион од Скопје. Место во мечот за златото обезбеди екипата од Скопје тимот на РК Шампион Вардар. Први со гол мечот го отворија момците од Кичево по што скопјани изедначија на 1-1. Потоа следеа две изедначувања на резултатот 2-2 и 3-3.  До крајот на првиот дел кој изобилуваше со многу борба подобро се снајде екипата на Шампион која со серија 2-5 мечот на одмор го однесе со нивна предност од 5-8.

s2

Вториот дел почна со погодок на скопјани за водство од 5-9. Следуваше во првите 7-8 минути игра гол за гол на двете страни. Двата колектива постигнаа по четири гола за резултат 9-13 на семафорот во Јане Сандански. Екипата на РК Кале направи голем притисок со цел да се врати во мечот правејќи серија 4-0 тие изедначија на 13-13, што беше аларм за клупата на РК Шампион Вардар да побара минута одмор.  Скопските ракометари се вратија во мечот и успеаа до крајот да постигнат двојно повеќе голови од противникот, што им донесе победа со резултат 16-20. Кај победникот Јорданов Андреј постигна 9 гола, кај поразените најефикасен беше  Никола Стојчевски со 5 погодоци.

РК Шампион

РК Шампион

Во вториот натпревар финале обезбеди тимот на РК Преспа Вардар која беше поуспешна од тимот на РК Делчево со 20-11. Први со гол мечот го отворија момците од Делчево на што момците од Ресен одговорија со два погодока и поведоа со 2-1. Делчевци се вратија и во продолжение изедначија на 4-4. До крајот на првиот дел се играше постојано изедначено беше 6-6, 7-7 и на крајот 8-8. Во последниот напад момците од југот на земјава поведоа со 9-8 резултат со кој се замина на пауза.

p2 p3

Први со гол мечот во вториот дел го отворија РК Преспа, потоа тие почнаа да играт одлично ги затворија приодите кон својот гол, а казнуваа немилосрдно од контранапади. Со серија 6-1 се одлепија на “плус шест“ односно 15-9 со што најавија победа и пласман во финалето на оваа генерација.  До крајот се беше формалност, ресенчани само го зголемуваа од минута во минута водството. Тие триумфираа со 20-11 на крајот. Кај победникот Костовски и Табаковски погодија по 6 пати, кај поразените Петковски Јован даде 7 гола.