Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Финале за РК Илинден и РК Карпош кај момците генер.2004/05 во Јуниор лигата

Финале за РК Илинден и РК Карпош кај момците генер.2004/05 во Јуниор лигата

Денес во салата Јане Сандански се играа полуфиналињата кај момците во генерација 2004/2005. Финале обезбедија екипите на    РК Илинден и РК Карпош кои денес ќе играат за златото.

Во првото полуфинале екипата на РК Карпош од Куманово предводена од Наташа Младеновска и Ј.Миодраг-Црни обезбеди финале. Тие беа поуспешни од екипата на РК Гостивар со резултат 20-12 (10-5). Први со гол овој дуел го отворија момците од Куманово на што веднаш гостиварчани одговорија со погодок за 1-1. Следеше одлична игра на РК Карпош кој ги затвори приодите кон својот гол и казнуваше во напад, тие со серија 0-4 поведоа со 1-5 по што следуваше тајмаут за гостиварчани.  До крајот се играше гол за гол на овој машки дуел, екипата од Куманово отиде на одмор со предност од 5-10.

25

Вториот дел со погодок први го отворија повторно момците од РК Карпош кои зголемија на 5-11, а веднаш потоа и на 5-12. Гостивар се обиде да намали и да се врати во мечот по овие седум гола негатива за нив, тие единствено што успеаа е да намалат на минус пет 12-17. Сепак момците од Куманово  несакаа да дозволат било што непредвидливо и со одлична игра до крајот го приведоа мечот во своја корист. Тие триумфираа со 20-12. Од овој меч фотографии може да погледнете тука. Кај победникот прв стрелец беше Лазов со 8 гола, а Видевски имаше 7. Кај поразените Алтан Селмани беше прв стрелец со 6 гола.

18

Во вториот натпревар РК Илинден на Дарко и Александра Јанев обезбеди финале во мечот со РК Бисинов од Велес. Први со гол овој дуел го отворија момците на Бисинов, а веднаш со гол за 1-1 одговорија момците од скопската населба Илинден. Постојано една екипа се обидуваше да се одлепи, а другата изедначуваше. На семафорот во Јане Сандански постојано беше резултатска симетрија: 2-2, 3-3, 4-4 6-6, 7-7 8-8 и на крајот 9-9. Со тој резултат се замина на одмор.

2 3 4

Вториот дел со гол го отвори Илинден, на истиот велешани одговорија со погодок за 10-10. Вториот дел беше идентичен на првиот, ова беше најнеизвесен дуел од сите полуфиналиња денес. Постојано се поведуваше со еден гол, а другиот тим изедначуваше. Па така во финишот се влезе со резултат 15-15. Илинденци на крајот постигнаа погодок и победија со 16-15.   Петар Колевски со 9 гола беше прв стрелец кај победникот, кај поразениот Иле Табаковски беше прв стрелец со 10 гола.

Така во финалето на оваа генерација ќе играат екипите на РК Илинден и РК Карпош.