Wednesday ,16 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар покажаа “срце“ тие триумфираа во дербито на гости кај Металург

Пионерите на РК Вардар покажаа “срце“ тие триумфираа во дербито на гости кај Металург

Во салата Автокомада се одигра големото дерби во пионерска конкуренција во кој нашиот РК Вардар предводен од Адријана Будимир гостуваше кај екипата на РК Металург. Домаќинот беше додатно засилен со неколку момци, поточно 4 од кадетскиот состав со цел да извади поволен резултат. Сепак се беше залудно нашите момци покажаа “срце“ и победија во ова дерби со 15-16.

Иако домаќинот беше засилен во текот на целиот натпревар тие неможеа да не скршат, нашата одбрана денес беше слободно може да кажеме феноменална. Постојано ги водевме а тие “каскаа’ зад нас. Први со гол мечот го отворија нашите момци, кои по 3-4 минути игра поведоа со 0-3 и најавија триумф. Домаќинот намали на 1-3, а ние вративме со гол за 1-4. Постојано го одржувавме водството во игра гол за гол во текот на првиот дел во финишот влеговме со резултат 6-10. Во последниот напад погодивме и на одмор во Автокоманда отидовме со 6-11.

Вториот дел со гол први го отворија домаќините, кои со серија 3-0 намалија на 9-11 и се обида да внесат неизвесност во овој пионерски дуел. Сепак денес нашата одбрана беше на ниво, нашиот тренер од клупата им даваше “импулс“ на момците. Се играше до пред крајот гол за гол , двата тима постигна по пет гола за 14-16. Металург се обиде во финишот да стигне сепак дадоа само еден гол и победивме ние со 15-16. Покажавме дека сме зрели за титула во оваа категорија, Браво за момците, за трнерот за оваа победа на жешкиот терен во Автокоманда.

Во нашите редови Чакалиќ и Жерновски погодија по 4 пати, Грујовски имаше 3 гола,  Савревски додаде 2, а по еден гол дадоа Димитриjевски, Србинов и Димчевски.