Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Работнички подобар од Вардар, во дербито кај генер. “2002“ од регионалната-скопска лига

ФК Работнички подобар од Вардар, во дербито кај генер. “2002“ од регионалната-скопска лига

Градското фудбалско дерби кај генерацијата родени “2002“ година му припадна на Работнички, кој беше подобар во дуелот со Работнички. Овој натпревар се одигра на академијата и заврши со резултат 1:3.

Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Величковски, Костовски, Петејчук, Крстевски, Пешовски, Речица, Салиу, Фазлиу, Игнатов, Асани, Омерагиќ.

Вардар добро го започна натпреварот и имаше прва шанса преку Харбин Речица кој директно од слободен удар бие над голот на противникот. Набргу поведовме и со 1:0 со голот на Атом Фазлиу. Сепак после отварање на резултатот следи голем пад во нашата игра и во продолжение од првото полувреме, Работнички беше екипата која покажа повеќе на теренот. Обратен тек на натпреварот даде една наша грешка на голманот Величковски кој не беше сигурен во своето излегување откако еден од играчите на Работнички го лобуваше, ѕа израмнување на резултатот на 1:1. Уште една голема шанса имаше гостинската екипа, но овој пат Величковски е присебен и спречува негатива. Сепак Работнички успева да поведе со 1:2 и тоа со удар од скратен корнер, откако нашиот состав направи три корни. До крајот на првото полувреме имаше можност и за зголемување на резултатот, откако во неколку наврати нашат дефанзивна линија извиси. Сепак на наша среќа, резултатот остана непроменет и на одмор се замина со резултат 1:2.

Не се промени нашата игра во второто полувреме, иако направивме две измени по 15 минути игра, Работнички го зголеми резултатот на 1:3. Имавме шанса преку Леонид Игнатов кој остана неискористена. Далеку беше Вардар од игратаа, а времето работеше за екипата на Работнички. Последната шанса за намалување на резултатот ја имаше Игнатов, кој не успева да погоди од скратен корнер. Немаше поголеми возбудувања до крајот на мечот, по што противникот се радуваше на победата. Ова беше втор пора за Вардар оваа сезона, а Работнички останува на првото место на табелата.