Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во наредниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција. Мечевите ќе се одиграат на 11 и 13-ти април во Баку. За овие натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ повика и четири играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Филип Антовски кој настапува за пионерите, како и Филип Стојчевски, Тодор Тодоровски и Бојан Колевски кои се дел од младинскиот состав на црвено-црните.
Овие натпревари се подготовка за квалификацискиот турнир кој ќе се одигра во Македонија, каде во група сме со селекциите на Белгија, Швајцарија и Лихтештајн. Првиот натпревар со Азербејџан ќе се одигра во вторник со почеток од 15 часот, додека вториот е закажан за два подоцна во истиот термин.