Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Андреј Петрушевски- Титулата во Јуниор лигата ја освоивме со многу борба, таа лига ни дава шанса за напредок

Андреј Петрушевски- Титулата во Јуниор лигата ја освоивме со многу борба, таа лига ни дава шанса за напредок

Изминатиот викенд  во големата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ се одигра  големото финале во ракометната вардарова “Јуниор“ лигата. Кај генерација родени 2004 и 2005 година се сретнаа екипите на РК Илинден и РК Карпош од Куманово. До златото стигнаа  избраниците на Дарко и Александра Јанев кои славеа со резултат  7:14. По тој повод разговараме со Андреј Петрушевски член на илинденци. Тој е лидер на екипата на Илинден, прв стрелец, играч на кој се заснова тимот во лигата. Андреј ни ги соопштува очекувања кои ги имал он, соиграчите  и стручниот штаб на почетокот од сезоната.
  • Кога започна сезоната во ракометната Вардар јуниор лига јас и моите другари од екипата на РК Илинден Вардар  бевме многу мотивирани  и имавме желба да одиме во завршниот Ф-4.  Како  започнаа мечевите во лигата  јас и  соиграчи бевме многу желни  да ги совладаме најтешките противници со кои се сретнувавме од меч во меч.  Сепак ни се склопија коцките, па така на  крајот со доволно вежбање, труд, напорна работа во цела сезона се случи тоа го освоивме златниот медал во нашата генерација 2004/2005.
145
Младиот вардаров ракометар ни опишува како го доживејал успехот кога неговиот тим помалку изненадувачки дојде до шанса и го зграби пехарот во генерајиата 2004/2005 во финалето со екипата на кумановската регионална школа РК Карпош Вардар.
  • Сезоната во Вардар јуниор лигата беше доста добра, за нас успешна и задоволувачка. Треба да напоменам дека   иако игравме само со седум  играчи во финалето и полуфиналето  успеавме во нашата цел. Кога го победивме фаворитот тимот на РК Бисинов бевме многу среќни бидејки  ни се пружи шанса да  играме за златниот медал во нашата генерација. Последните два меча не беа баш лесни за нас, но сепак со добрата игра ја постигнавме посакуваната цел, титулата, тоа  е нешто прекрасно.
16939619_1070986819714556_2638194537712669780_n
Јуниор лигата е голем проект на нашиот РК Вардар како гледа на истиот и што му овозможува на еден млад ракометар вардаровата лигата  за крај побаравме одговор од нашиот соговорник. Тој кратко ни го изјави следното:
  • Самата Јуниор лигата е добар проект од страна на клубот Вардар, истата  на мене ми помогна да напреднувам во ракометот. Со учеството во лига системот доволно научив многу работи запознав многу другари, ако тебе да издвојам нешто  најинтересно ми беше патувањето во другите градови како што се Кавадарци, Кичево и градот Велес каде  годинава се играа мечеви во лигата што е потег за поздравување-изјави младиот Петрушевски за нашиот сајт.

.

Михајло Тушевски