Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 18 години, за контролните натпревари против Азербејџан

Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 18 години, за контролните натпревари против Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во наредниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција. Мечевите ќе се одиграат на 11 и 13-ти април во Баку. За овие натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ повика и четири играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Филип Антовски кој настапува за пионерите, како и Филип Стојчевски, Тодор Тодоровски и Бојан Колевски кои се дел од младинскиот состав на црвено-црните.

Овие натпревари се подготовка за квалификацискиот турнир кој ќе се одигра во Македонија, каде во група сме со селекциите на Белгија, Швајцарија и Лихтештајн. Првиот натпревар со Азербејџан ќе се одигра во вторник со почеток од 15 часот, додека вториот е закажан за два подоцна во истиот термин.