Екипата на РК Вардар обезбеди ново финале во рамките на СЕХА-лигата, откако во полуфиналето убедливо ја победивме екипата на ППД Загреб (36:28). Можеби полесно од очекувањата, црвено-црните обезбедија ново финале во ова натпреварување, каде за противник ќе го имаат тимот на Веспрем. Ова всушност ќе биде реприза на финалето од мината сезона, но сега се надеваме со друг исход. По завршување на мечот со Загреб пред медиумите се обратија Игор Карачиќ и Алекс Душебаев. Двајцата постигнаа по четири голови во победата и пласманот во големото финале.
-Поразот од Металург не мотивираше доста. Едноставно знаевме дека не смееме да си дозволивме втор меч во низа да загубиме. На теренот против Загреб изгледавме како една навистина врвна и компактна екипа. Се што ни беше зацртано од тренерот Гонзалез, реализиравме на терен и немавме проблеми. Добро го отворивме мечот, а потоа беше полесно да се стигне победата, изјави Карачиќ
Душебаев смета дека голем дел од работата сме завршиле во првото полувреме, кога имавме предност од 19:12.
-Мислам дека одигравме најдобро што можеме. Во првите 30 минути бевме одлични и тоа ни даде предност од 6-7 гола. Во вториот дел не бевме така добри, но многу го респектиравме ППД Загреб. Го обезбедивме финалето што и ни беше целта пред овој дуел.