Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се повторува Вараждин, Вардар и Веспрем ќе се борат за третиот трофеј во СЕХА-лигата

Се повторува Вараждин, Вардар и Веспрем ќе се борат за третиот трофеј во СЕХА-лигата

Вардар и Веспрем ќе играат во големото финале од СЕХА-лигата. Ова е епилогот од денешните полуфинални мечеви, каде беа совладани екипите на Загреб и Брест Мешков. За разлика од првото полуфинале, каде Вардарци сигурно го совладаа својот противник, многу поизвесно беше во второто полуфинале, каде Веспрем дури по изведувањето на пенали го совлада Брест Мешков.

Во првите пет минути од натпреварот, екипата на Веспрем имаше водство од 3:1 и 4:2, но Брест Мешков успева да израмни на 4:4 со голот на Џамаили. Следуваше серија за Унгарците од три последователни голови, за прв пат на мечот да имаат највисоки 7:4. Се играше брз и динамичен натпревари и двете екипи сакаа бргу да ги завршуваат нападите. Имаа избраниците на Сабате и водство од 8:6, но следат минути на Брест Мешков кој прави серија од 0:3 и за прв пат на натпреварот имаат предност од 8:9 во 16 минута од натпреварот. Во следните десет минути, Веспрем успева повторно да го врати водството, кога во два наврати имаше предност од два гола, но до истекот на првите 30 минути, Брест Мешков го израмнува резултатот и одмор се заминува со резултат 14:14.

Во вториот дел, домашниот тим го презема водството и контролата на резултатот. Со два голови во серија. за прв пат на мечот Брест има предност од два гола (14:16), за во следните три минути да биде зголемена на 15:18. До 46 минута, Белорусите имаа констатно водство кое се движеше од 2-3 голови разлика, но Веспрем со голот на Маргуч од пенал го израмнува резултатот на 22:22 и го носи натпреварот од почеток. На осум минути пред крајот, Веспрем прави значајна предност од два гола 25:23 и во тој момент беше поблиску до финалето. Сепак во една неизвесна завршница, мечот заврши со нерешен резултат од 29:29, по што дирекно се отиде на изведување на удари од седум метри. Во пенал рулетот посреќен беше Веспрем, кој славеше со резултат 33:31.

Ова ќе биде реприза на финалето од минатата сезона, кога во Вараждин за трофејот се бореа токму Вардар и Веспрем кој им припадна на Унгарците. Како ќе биде овој пат, останува да видиме во недела од 20 часот.