Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Игравме добро цела сезона и сакаме да победиме во финалето – Стоилов: СЕХА-лигата е голема сатисфакција за клубот и навивачите

Гонзалес: Игравме добро цела сезона и сакаме да победиме во финалето – Стоилов: СЕХА-лигата е голема сатисфакција за клубот и навивачите

Вардарци полесно од очекувањата го добија полуфиналниот натпревар против екипата на ППД Загреб и на тој начин се изборија за ново финале во СЕХА-лигата. Црвено-црните уште од стартот на натпреварот имаа водство, кое не дозволија ниту во еден момент да го испуштат. Загреб во текот на сите 60 минути “бркаше“ негатива, но ниту еднаш сериозно не се закани на нашата предност. Така со убедлива победа од 36:28, екипата на Вардар заслужено се пласира во големото финале, каде го чека подобриот од дуелот Брест и Веспрем. По завршување на натпреварот на прес-конференцијата пред медиумите се обрати нашиот стратег, Раул Гонзалес кој го изјави следново.

-Ние игравме добро цела сезона и сега ние сме на Ф4, сакаме да победиме, сакавме да одиграме добар натпревар. Одбраната функционираше супер, прво полувреме го добивме 7 разлика и во второ полувреме играчите дадоа се од себе. Ќе играме финале, игравме добро цела сезона и сакаме да победиме. Голманите немаа многу одбрани и имавме проблем со нив, треба да се подобриме на таа позиција. Подобро да имаме лоши голмани, а да победиме. Во недела ќе биде друг натпревар и можеби одбраната ќе биде катастрофа, но голманите ќе бидат одлични.

Марсениќ потенцира дека одбраната била клучен фактор за победата.

-Одбраната генерално беше добро, постигнувавме лесни голови поради таа добра одбрана. Вори ни правеше проблеми, но се обидивме да го пуштиме бековите да шутираат. На добар пат сме после оној шок, во финалето ќе бидеме подобри без оглед на тоа со кого ќе играме.

Капитенот Стоилов истакна дека СЕХА-лигата е многу важна за клубот и самите навивачи и дека ќе дадат се од себе да ја освојат.

-СЕХА лигата за нас е сатисфакција, за навивачите, за нас играчите, за клубот. СЕХА лигата е одличен проект. Денеска оставивме добар впечаток. Игравме луто, борбено, до крај, тимски, сите нешто покажаа. Се надевам дека формата ќе биде уште подобра. Денеска сите игравме, така бевме договорени и сите си завршпија својата работа.