Денес на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје се играше дербито помеѓу Вардар и Пелистер. Во овој натпревар од 26.коло во првата лига нашиот Вардар дојде до победа со 3-1, триумфот беше сигурен уште по 45 минути кога водевме со 3-0. Седлоски мечот го почна со овој стартен состав: 90. Гачевски, 6. Грнчаров, 8. Спировски, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 14. Велковски, 21. Новак, 23. Демири, 70. Фелипе, 77. Брдаровски, 89. Боарето.
Прва прилика за нас имаше Новак со глава уште во 2.минута од мечот по изведен корнер Вадарци доминираа на теренот во наредните десет минути, ние ја имавме играта во нашите нозе. Тоа го крунисавме во 12.минута, голот беше “бразилска режија“. Поведовме преку Балотели кој прими одлична топка од Фелипе кој со осврт се ослободи од чуварите и погоди за 1-0 и голема радост за нас. Доминирваме и во следните минути во 20.минута Блажевски бараше пенал откако еден одбранбен играч на битолчани играше со рака сепак судијата Мечкаровски одмавна со рацете. Се играше 24.минута Фелипе изведе слободен удар, топката го мина живиот ѕид сепак за жал заврши над гредата. Следеа две големи прилики во 27.минути Балотели ја погоди стативата од голот на Пашовски, а во 28.минута Спировски одлично изведе слободен удар кој голманот на зелено-белите го одбрани. Од 31 до 37 минута Пелистер доминираше имаше неколку шанси, корнери кои за среќа на Гачевски не завршија зад неговиот грб. Во 38.минута уште една контоверзна одлука на судијата Мечкаровски кој по фаулот надвор од 16.метри на голманот на Шелистер врз Дејан Блажевски покажа само жолт картон за него. Сепак овој фаул донесе погодок, слободниот удар го изведе одлично Стефан Спировски кој стрелаше за 2-0 во 41.минута од натпреварот. Потоа за три минути односно во 44.минута она што го видовме може да кажеме дека беше ремек-дело. Ерменецот Тигран Барсегјан погоди од пред клупата на Пелистер тој се обиде од негде педесетина метри и успеа да погоди. Со овој резултат 3-0 се замина на одмор на овој дерби натпревар.
Вториот дел почна со мирна игра на двата тима, вардарци задовлни од големото водство влегоа растеретени на почетокот на вториот дел. По десет минути игра поточно на до 55 минута немаше ниту една прилика за одбележување пред головите на Гачевски и Пашовски. Во 56. Минута Седлоски Гоце ја направи првата измена во игра го уфрли Глигоров Никола на местото на Велковски Дарко, веќе по само 10секуни ја видовме првата прилика во втрориот дел. Вардарци имаа шанси да зголемат на 4-0 преку Блажевски кој доби топка од Спировски сепак топката не заврши во голот. Пелистер се закани преку бразилецот Аугусто сепак топката мина крај голот во 59.минута. Во 60.минута од кај Комити се слушна скандирање “Дарко Панчев..’ кое може да се протилкува како поддршка за новиот спортски директор на црвено-црните и одобрување на потегот на г-н Самсоненко кој се одлучи за ова решение. Во 62.минута Николов Бобан влезе во игра на место на Берсегјан. Шанса имаше за црвено-црните и Глигоров во 65.минута топката мина крај гол-конструкцијата. Пелистер се закани двапати во продолжение сепак без поголем ризик за денес одличниот Гачевски. Во 67.минута Мечкаровски досуди престрог пенал, сигурен реализатор за 3-1 беше Кочарев Мартин. По пеналот зелено-белите сакаа да ја преземат иницијативата сепак на вардаровите играчи на средината од теренот ги решаваа нивните обиди. Фелипе се обиде од дистанца во 75.минута, спак топката не беше опасна за Пашовски Горан. Во 77.минута црвен картон доби Маркоски од Пелистер, а минута потоа Џ.Џигаури го замени Блажевски Дејан на теренот. До крајот имавме прилика преку Демири. Вардар во последните минути го контролираше мечот без поголеми возбудувања. Шкендија одигра 1-1 и сега сме на 11 бода предност пред нив.
Во продолжение ремек делото на Тигран Барсегјан за 3-0!