Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар со предност ќе го започне реваншот во Скопје, многу сме блиску до нов завршен турнир во Будимпешта

ЖРК Вардар со предност ќе го започне реваншот во Скопје, многу сме блиску до нов завршен турнир во Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар обезбеди предност во рамките на првиот дуел од четвртфиналето во ЛШ. Црвено-црните со триумф се враќаат од гостувањето во Данска, кои славеа со резултат  26:28.

Првите два гола за Вардар беа дело на Андреа Пенезиќ која носи водство на Вардар од 1:2, за во шестата минута со два гола во серија, Митјиланд да има прво водство од 3:2, што беше нивно прво и единствено на овој меч. Пенезиќ беше дефинитивно расположена за игра и веќе три од четирите погодоци за црвено-црните се зад нејзиното име. Лејно исто така беше одлина на голот и не дозволуваше противникот да го превземе водството. Лазовиќ во овој дел од натпреварот беше поддршка за Пенезиќ, токму со нивните погодоци и еден на Лакрабер правиме серија од 0:3 и за прв пат стигнуваме до три гола позитива (4:7). Во следните минути домашниот тим успева да искористи неколку наши грешки и да стигне на само гол негатива (6:7). Вардарки одговараат на брзото темпо на игра која ја наметнаа Данките и со сосема успешно ја спречи нивната брза игра, која е типична за скандинавскиот ракомет. Во 18 минута со погодокот на Камила Херем успеваме да стигнеме до четири гола разлика (8:12). Пенезиќ денес игра одлично и речиси секој нејзин удар завршува во мрежата на Митјиланд и со нејзиниот петти гол, одржуваме предност од 9:13. Тука не застанавме и продолживме да го зголемуваме водството во наша корист. Со голот на Човиќ во 21 минута, Вардар има солидна предност од 9:15. Лејно продолжува со успешните интервенции и веќе стигнува до 5 одбрана. Ова разлика ја одржуваме и до истекот на првите 30 минути, кога на одмор се замина со резултат 12:18.

Во второто полувреме на позицијата лево крило во игра влезе Тамара Мавсар кој ги постигна првите два гола за Вардар, кој одржува шест гола предност. Лејно имаше чудесна интервенција и не дозволи Митјиланд да ја намали негативата на три гола. Радичевиќ ја прекина нашата серија без погодок и од својата позиција постигнува гол за водство од 19:23. Лејно е дефинитивно волшебник на голот и со својата десетта одбрана го одржува водството, додека прв погодок и за Андреа Лекиќ која зголемува на 16:21. Неколку наши неискористени напади, му овозможуваат на домашниот тим да стигне до само два гола негатива (24:26). По подолга пауза успеваме да постигнеме гол преку Андреа Лекиќ и да ги зголемиме шансите за победа. На крајот сепак успеваме да славиме со конечен резултат од 26:28.

Нашите девојки со оваа победа се многу блиску до нов заршен турнир во Будимпешта. Лејно имаше 13 одбрани, додека најефикасна беше Андреа Пенезиќ со 7 голови.