Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар несреќно и минимално на пенали поразени на турнирот во Грција

Пионерите на РК Вардар несреќно и минимално на пенали поразени на турнирот во Грција

Пионерите на РК Вардар како првопласирани на   турнирот во Грција обезбедија четвртфинале.  Избраниците на Андријана Будимир во групата беа убедливи и против екипата на Дукас од Грција, која ја совладаа со резултат 16:24  и против екипа  на Пилаиа над која триумфираа со резултат 21:10. Со максимален ефект закажаа меч денес со Локомитива од Брчко- Босна и Херцеговина. Нашите момци одиграа одлично сепак за жал по пеналите беа поразени со минимална разлика од еден гол.

6

Првото полувреме почна изедначено, двата колектива силно ја посакауваа победата на овој натпревар истата обезбедуваше место во полуфиналниот натпревар на овој силен турнир и борба за медал на истиот. На одмор заминавме со негатива од еден гол, екипаа на Локомитива отиде на пауза со предносот од 11-10. Вториот дел беше еднаков како и првиот двата тима неуспеаа да се одлепат. Сепак нашите момци успеаа да ја елиминираат минималната негатива од првиот дел. Мечот во регуларниот дел заврши со резултат 22-22. Патникот понатака го даде “пенал рулетот“ во истиот за наша жал поуспешен беше тимот на Локомотива. Тие триумфираа минимално со 4-5 или со вкупен резултат 26-27.

Во дуелот со екипата од  Брчко кај нас Бојан Чакалиќ повторно беше прв стрлец, тој на овој меч стрелаше дури 8 пати, Савревски Давид и Грујовски Велимир постигнаа по 5 погодоци, 3 гола беа дело на Павловски Борис, Србиновски Дамјан постигна 2 гола колку и Жерновски Никола, а Мирчевски Давид погоди еднаш.

Интересен настан момците ни приредија кога  низ улиците на Верија-Грција пееа песни од нашата навивачка група Комити Запад. Од истиот настан ви донесоме видео кое убедливо најчитана наша вест денес-ВИДИ