Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетското финале во Автокоманда му припадна на Металург, кој во неизвесен натпревар го победи Вардар

Кадетското финале во Автокоманда му припадна на Металург, кој во неизвесен натпревар го победи Вардар

Кадетите на Металург се старо-нови шампиони на Македонија, откако вечерва во спортската сала во населбата Автокоманда го победија тимот на Вардар. Во еден израмнет и неизвесен натпревар, сепак противникот на крај беше подобар кој славеше со резултат 27:25.

По три минути игра без гол, екипата на Металург беше таа која го отвори резултатот, додека Вардарци првиот гол го постигнуваат во петтата минута преку Мисаилески. Во првите осум минути се играше гол за гол и гледавме неефикасен натпревар во тие моменти. Во 9 минута за прв пат на мечот, домашниот тим има водство од два гола (4:2). Кизиќ ја забележа и четвртата успешна интервенција во 10 минута од натпреварот. Тренерскиот тандем на клупата на Вардар неможеше никако да ја пронајде идеалната бековска линија, во тој поглед направивме многу технички грешки, кои екипата на Металург немилосрдно ги казнуваа. Во 17 минута при резултат 8:5 за противникот, екипата на Вардар побара тајмаут. Никако неможеа да се променат работите во позитивна насока, многу грешевме во нападот, додека одбраната беше лесно пробивлива за домаќинот. Така во 20 минута, тимот од Автокоманда имаше и највисоки пет голови предност (11:6). Имаше Металург и 17:12, но Вардарци се враќаат во колосек и до крајот првите 30 минути успеваат да намалат на 17:14 со голот на Мисаилески.

17883885_1301166813263495_1336677661352775235_n

Одлично го започнавме второто полувреме кога ја продолживме серијата и со головите на Нанов и Мисаилески стигнуваме до само само еден гол негатива (17:16). Во следните десет минути се игра гол за гол на двете страни, а Металуг одржуваше предност од 1-2 гола разлика. Сепак нов пад во нашата конценттрација што му овзоможува на Металург нови лесни голови и нови солидни четири гола разлика (24:20) во 47 минута. Со два гола во серија и тоа од пенал на Филип Николов, Вардар се заканува и намалува на 24:22. Времето работеше за Металург, а црвено-црните се обудуваа да стигнат. Нов гол за нашиот состав кој се доближува на 24:23. Во неизвесна завршница финалето му припадна на Металург, кој слави со конечен резултат од 27:25. Ниту одбраните на Кизиќ во клучните моменти не помогнаа да го добиеме мечот.

Кај Вардар најефикасен беше Александар Нанов кој постигна 6 голови. На крајот беа доделени награди за сите учесници на завршниот турнир, како и поединечни признанија. За најдобар голман доби членот на Вардар и повеќе од заслужено, Марко Кизиќ.