Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ТИТУЛА ВО СЕХА! ВАРДАР Е МНОГУ МОЌЕН, ПОБЕДА ЗА ПРВ ПЕХАР СЕЗОНАВА

ТИТУЛА ВО СЕХА! ВАРДАР Е МНОГУ МОЌЕН, ПОБЕДА ЗА ПРВ ПЕХАР СЕЗОНАВА

Вардар е нов владетел во Регионот! Нашиот тим дојде до третата титула во СЕХА – лигата, вечерва нашите играчи во еден многу возбудлив натпревар го совладаа тимот на Веспрем со резултат 26:21  (11:11) и му се одмаздија за минатогодишниот пораз во Вараждин. Ова е првиот трофеј сезонава за нашиот тим, честитки!

Како и што се очекуваше, првиот дел помина во еден многу изедначен натпревар со благо водство на нашиот тим во текот на првите 30. минути. Нашиот тим подобро го отвори мечот, во 6. минута со гол на Кањељас нашиот тим дојде до 3:2, потоа во 11. минута резултатот беше изедначен 4:4. Највисоките плус два на овој меч Вардар ги достигна во 13. минута. Следуваше фаза на мечот во кој и двете екипи имаа мини криза во нападите, односно голманите на двете екипи беа на нивото на задачата. Вардарци во првите 20. минути не успеаа да реализираат два удари од седум метри преку Чупиќ и Кањељас. Се играше 25. минута Вардар преку Дибиров дојде до нова предност од плус еден, нашето крило успеа да реализира пенал по двата неискористени. До крајот на првиот дел иако Вардар имаше предност од еден до два гола, сепак на пауза се замина со нерешен резултат 11:11. Во првиот дел добра претстава во нашиот тим имаа Мораеш, Марсениќ и Борозан, кој постигнаа неколку одлични погодоци.

Второто полувреме со гол го отвори Вардар, Дибиров преку контранапад донесе ново водство на нашиот тим. Со гол на Кањељас Вардар во 35. минута имаше ново водство од плус еден, овој пат 13:12. Нашиот Штербик до 36. минута имаше седум успешни одбрани. Максималните плус два Вардар ги достигна повторно во 37. минута, Марсениќ со четвртиот погодок донесе ново двојно водство. Во 40. минута Вардар дојде до највисоките плус три, Дибиров преку контранапад го постигна својот четврти погодок за највисоко водство на вардарци. Брзо тимот на Веспрем се врати, веќе во 44. минута резултатот повторно беше нерешен. Вардарци фатија нова серија. веќе во 48. минута нашиот тим имаше нови три плус со првиот гол на капитенот Стоилов. Штербик влезе во серија, со две одбрани во серија, Вардар преку Кањељас дојде до највисоките вечерва плус четири. Веќе во 54. минута Вардар имаше предност од највисоки плус шест. Се до крајот на мечот вардарци рутинирано си ја довршија својата задача – Шампиони.

Кањелас и Дибиров беа најефикасни со по 5 голови. Инаку Кањелас е прогласен и за МВП на завршниот турнир.