Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кањелас МВП на завршниот турнир, четворица играчи на Вардар во идеалниот тим

Кањелас МВП на завршниот турнир, четворица играчи на Вардар во идеалниот тим

Вардар е новиот шампион во СЕХА-лигата. Вечерва во градот Брест се одигра големото финале во ова натпреварување помеѓу екипите на Вардар и Веспрем. Црвено-црните се покажаа како далеку подобар тим од противникот, каде во текот на целиот меч имаше постојано водство. На крајот заслужена победа, изразена со резултат 26:21. По завршување на финалниот дуел беше избран и идеалниот тим на завршниот турнир за оваа сезона во СЕХА-лигата. Во него место имаше за четворица играчи на Вардар. Ги имаме најдобрите крила и тоа на Тимур Дибир (лево) и Иван Чупи (десно). За најдобар лев бек е прогласен Вуко Борозан, додека најдобар организатор на играта е Жоан Кањелас. Воедно Шпанскиот репрезентативец е најкорисен играч на завршниот турнир во СЕХА-лигата, Кањелас го понесе признаниеот за МВП. Инаку ова беше трет трофеј за Вардар, со кој стана најтрофеен на Балканот.

Вака изгледа најдобриот тим за оваа натпреварувачка сезона.

Идеален тим на Ф4 на СЕХА лигата:

Голман: Мирко Алиловиќ (Веспрем)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Кружен напаѓач: Андреас Нилсон (Веспрем)

Лев бек: Вук0 Борозан (Вардар)

Десен бек: Денис Кристопанс (Мешков Брест)

Среден бек: Жоан Канељас (Вардар)

Најдобар дефанзивец: Ласло Наѓ (Веспрем)

МВП: Жоан Канељас (Вардар)