Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > (Фотогалерија) Кадетите на Вардар се вицешампиони на Македонија, Марко Кизиќ е најдобар голман

(Фотогалерија) Кадетите на Вардар се вицешампиони на Македонија, Марко Кизиќ е најдобар голман

Кадетите на РК Вардар не успеа да ја поминат последната пречка и да станат шампиони на Македонија. Во текот на вчерашниот ден, спортската сала во населбата Автокоманда беше домаќин на завршниот турнир во машката кадетска лига. На него учествуваа четирите најдобри екипи во регуларниот дел од сезоната. На крајот Металург го освои првото место, Вардар е вицешампион, додека третото место е за екипата на Струга. На четвртото место се најде тимот на Јуниор Ивни. Во големото финале, Металург го победи Вардар со резултат 28:27. На крајот беа доделени медалите за првите три пласирани екипи, како и признанијата за најдобри поединци. Наградата за најдобар голман му припадна на Марко Кизиќ од редовите на Вардар. Истата му ја додели поранешниот репрезентивец на Македонија и играч на Вардар и Металург, Ванчо Димовски. Медалите на Вардар ги доделување репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, додека Наумче Мојсоски го додели пехарот на првопласираниот тим од Автомоманда.

Погледнете ја нашата фотогалерија од завршната церемонија и доделувањето на наградите.

vardarfans-6 vardarfans-7 vardarfans-8 vardarfans-9 vardarfans-10 vardarfans-11 vardarfans-12 vardarfans-13 vardarfans-14vardarfans-1vardarfans-25vardarfans-4