Вчера се одигра натпревар на Академијата на ФК Вардар во рамките на пионерската лига. Играчите на Вардар во истиот ја пречекаа штипска Брегалница. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 4:1 (1:1). Иако Вардар губеше се до финишот на првиот дел, сепак на крајот успеа да слави лесна победа. Новиот спортски дирекот на ФК Вардар Панчев, беше дел од овој натпревар.