Изминатите две кола беа идеални за црвено-црниот фудбалски колектив, во нив влеговме со бодовна предност од шест бода, а излеговме речиси со двојно повеќе, односно единаесет бода позитива. Нашите момци одлично во Тетово одиграа и по пет години ја совладаа Ренова, а во изминато коло на домашен терен во “македонското дерби“ го совладаа Пелистер. Нашиот конкурент Шкендија од двата меча освои еден бод со што ние се одлепивме на комотна разлика, која ни е далеку потребна за она што наскоро следува.
Во низа имаме четири гостувања кои следат, од кој три во домашната лига и едно во Купот на Република Македонија. Во лигата не очекуваат три пеколно тешки гостувања едно по друго. Најпрвин во меч кој е последен од 3.круг гостуваме кај аспирантот за фудбалска Европа екипата на ФК Силекс од Кратово. Потоа на почетокот од четвртиот круг гостувавме на “жешкиот терен“ во Чаир кај екипата на ФК Слога. Последно од трите првенствени гостувања е тоа со Шкендија во Тетово. Покрај овие гостувања во ПМФЛ гостуваме и уште еднаш во Тетово кај Шкендија во реваншот од 1/2-финалето во најмасовното натпреварување. Вкупно седум дуели ни следуваат во периодот 15 април до 7 мај односно речиси ќе играме натпревар на секој трети ден. Нашата предност е голема, сепак тежок испит не очекува во продолжение. Распоредот на мечевите кои не очекуваат е следен.
- 15/04 Силекс- ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 19/04 Шкендија- ФК Вардар, меч од Куп на Р.М
- 23/04 Шкупи-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 26/04 Шкендија-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 30/04 ФК Вардар-Победа, меч од ПМФЛ
- 03/05 Брегалница-ФК Вардар, меч од ПМФЛ
- 07/05 ФК Вардар- Македонија Ѓ.П , меч од ПМФЛ