Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Шест ракометари на РК Вардар дел од кадетската репрезентација на турнирот во “Бугојно“

Шест ракометари на РК Вардар дел од кадетската репрезентација на турнирот во “Бугојно“

Машката ракометна кадетска репрезентација во периодот од 13-16-ти април ќе биде дел од турнирот “Ракометот е мојата иднина“ , под организација на РК Искра од Бу­гој­но и Ка­тар­ска­та ра­ко­мет­на федераци­ја. Нашата селекција која е предводена од Кристијан Грчевски и Никола Матлиевски ќе се натпреварува во група заедно со репрезентациите на Пол­ска, Сло­ве­ни­ја и БиХ. Ова ќе биде петто последователно учество за Македонија на споменатиот турнир. Минатата година го освоивме петтото место.

Тренерскиот тандем го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на турнирот во Бугојно. На него се најдоа шест ракометари на Вардар: голманот на кадетите и младинците (Марко Кизиќ), играчите на РК Вардар 2, (Стефан Крстевски, Томче Стојановски и Стефан Атанасовски), како и крилото и бекот на РК Вардар Јуниор (Иван Димитровски и Дејан Кукулоски).