Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, пионерите на Вардар убедливо подобри од “Париската гордост“ – ПСЖ (ФОТО)

Момците на Будимир, пионерите на Вардар убедливо подобри од “Париската гордост“ – ПСЖ (ФОТО)

Вардаровите момци, пионерите на црвено-црните предводени од Андријана Будимир вчера го завршија настапот на турнирот во соседна Грција. Тие одиграа пет меча, на истите победија на четири и на еден одиграа реми-види. Сепак тоа не беше крајот на мечевите во Грција, по инсистирање на организаторот на турнирот одиграа нов меч. Организаторот сакаше да ги соочи двете најнадежи екипи на турнирот, кои не успеаа да се сретнат помеѓу себе во напреварувачкиот дел, нашиот Вардар и францускиот пионески состав на    “Париската гордост“ – ПСЖ.

b6 b3

Во прекрасна атмосфера веќе од самиот почеток на натпреварот ја преземавме инцијативата на мечот и успеавме да го контролираме резултатот до самиот крај во наша корист. На почетокот од првиот дел отворивме со два последователно гола за водство од 2-0. Парижани се обидоа да се вратат, но безуспешно ние во продолжение имавме предност од 5-2.  Повторно нашата одбрана блескаше во првиот дел, во игра со многу цврста одбрана мирно го приведовме првиот период. На одмор заминавме со предност на црвено-црните од “три плус“, односно со резултат 13-10.

b2 b4
Вториот дел изобилуваше со одлични акции за нас и цврста одбрана. Успеавме да се одлепиме и на “пет плус“ поведувајќи против силниот пионерски состав на фанцуски ПСЖ со 20-15. По ова нашиот противник побара минута одмор, сепак тоа не донесе никаква промена за нив во продолжение, напротив спротивно. Нашите момци газеа во финишот, каде постигнаа двојно повеќе голови од фрнацускиот пионерски сотав. На крајот триумфиравме со високи осум гола повеќе од нив. Вардаровите момци го совладаа ПСЖ со конечен резултат од 26-18.

b1

Во нашиот состав како речиси и на сите мечеви на турнирот “прва ударна игла“ беше Чакалиќ кој постигна 9 гола во мрежата на французите, Димитриевски стрелаше прецизно дури 6 пати, Жерновски впиша 3 погодоци зад своето име колки што имаше и Савревски, а Србиновски погоди 2 пати. По еден гол имаа тројца вардарови пионери, станува збор за: Мишевски, Димчевски и Калајџиев.