Нашиот Вардар сезонава е шампион во СЕХА-лигата, откако дојде до победа на дуелот во градот Брест, каде се одигра големото финале помеѓу екипите на Вардар и Веспрем. Избраниците на Раул Гонзалес се покажаа како далеку подобар тим од противникот и на крајот дојдоа до заслужена победа со резултат 26:21. По завршување на финалниот дуел беше избран и идеалниот тим на завршниот турнир за оваа сезона во СЕХА-лигата. Вардарци дојдоа до дузина признанија , па така шпанскиот репрезентативец Кањелас е најкорисен играч на завршниот турнир во СЕХА-лигата, тој го понесе признаниеот за МВП. Покрај тоа тој беше дел и од идеалниот тим.
Видеото од одличниот настап на Кањелас со кој стана најкорисен играч на завршниот турнир во СЕХА лигата може да го погледнете- ТУКА!