Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ставрев главен судија на реванш натпреварот од купот, помеѓу Шкендија и Вардар

Ставрев главен судија на реванш натпреварот од купот, помеѓу Шкендија и Вардар

Александар Ставрев е делегиран за главен судија, за реванш натпреварот од полуфиналето на купот на Македонија, помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Мечот е закажан да се одигра на 19-ти април (среда), со почеток од 16 часот. По првиот дуел одигран во Скопје, тимот од Тетово славеше со резултат 1:3 и обезбеди значајна предност на реваншот кој се игра на нивни терен. Во другото полуфинале ќе се сретнат екипите на Пелистер и Брегалница.

 Вардарци сигурно чекорат кон нова титула во првенството и сигурно дека ќе се обидат со сите сили да ја анулираат негативата и од првиот меч во купот.