Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > (ВИДЕО) Вардарецот, Бојан Колевски стрелец на единствениот гол за Македонија, на двата контролни натпревари против Азербејџан

(ВИДЕО) Вардарецот, Бојан Колевски стрелец на единствениот гол за Македонија, на двата контролни натпревари против Азербејџан

Изминативе три дена, Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра два контролни натпревари против соодветната репрезентација на Азербејџан. Мечевите се одиграа во градот Баку и завршија со идентичен резултат од 1:0 и тоа по една победа за двете репрезентации.

На првиот натпревар, Македонија славеше со единствениот погодок на Бојан Колевски, кој настапува за младиницте на ФК Вардар. Вториот меч му припадна на противникот кој славеше исто така минимално со 1:0. Покрај Колевски дел од репрезентацијата за овие два натпревари беа уште тројца играчи кои настапуваат за црвено-црните. Се работи за Филип Антовски, Тодор Тодоровски и Филип Стојчевски. 

Погледнете го единствениот гол за Македонија, на двата контролни натпревари, дело на Вардарецот Бојан Колевски.