Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Трета победа во исто толку денови за РК Вардар, кој денес убедливо го совлада тимот на Охрид 2013

Трета победа во исто толку денови за РК Вардар, кој денес убедливо го совлада тимот на Охрид 2013

Нашиот ракометен шампион за само три дена ја забележа и третата победа во супер-лигата. После Работник и Пелистер, денес избраниците на Раул Гонзалес одиграа уште еден натпревар и тоа на гостински терен против екипата на Охрид 2013, кој го добија со убедлив резултат од 23:35. Денес во составот се вратија Штербик и Дибиров.

Натпреварот добро започна за домашниот тим кој ги постигна првте два гола на натпреварот и имаше водство од 2:0. Првиот гол на мечот Вардарци го постигнуваат во 2 минута преку капитенот Стоилов, за потоа со уште два нови погооци, за прв пат во петтата минута да имаат водство од 2:3 со голот на Дибиров. За момент екипата на Охрид го израмни резултатот, по шт следи серија на црвено-црните од 1:5, за прв пат да имаме позитива од четири голови и тоа преку Борозан во 11 минута. Противникот се обидуваше да му парира на нашиот состав а најзаслужен што немавме поголемо водство во овој дел од натпреварот, беше голманот на Охрид и Македонската репрезентација, Благојче Трајковски кој фати неколку удари на нашите играчи. Сепак квалитетот беше очигледен на страната на Вардар, кој до 16 минута има и пет гола предност, со погодокот на Дибиров. Како течеше полувремето, Вардарци почнаа да го зголемуваат своето водство. Со еден проектил на Борозан, каков што тој само знае да упати имаме резултат од 8:14, за екипата на Охрид да постигне два гола во серија и да го намали резултатот на 10:14. Од тие моменти, црвено-црните прават серија од 0:4,а  следи гол-шоу на Дибиров кој со три последователни погодоци зголемува на највисоки 10:18. До истекот на првите 30 минути успеваме да го одржиме водството и на одмор да заминеме со резултат 13:20.

Првиот го во вториот дел го постигнува Блажевски, за намалување на 14:20, додека по три мунути игра гол и за Лука Циндриќ. По десет минути игра, нашиот ракометен шампион ги одржуваше осумте голови предност. Гонзалес имаше можност да ротира од клупата, давајќи им шанса за настап на сите играчи. Во игра влезе и Недановски, на местото на Дибиров. Во 42 минута стигнуваме и до двоцифрена предност од 18:28 со голот на Марсениќ. Прв гол на мечот постигна и Недановски, за веќе убедливи 18:30 по што во последните 12 минути, Вардар влезе со голема разлика. На пет минти пред крај со головите на Циндриќ и Борозан зголемуваме на 20:34. Конечниот резултат на крајот гласеше 23:35.

Тимур Дибиров беше најефикасен со 9 голови. Во следното коло се среќаваме со екипата на ГРК Борец од Велес.