Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Петар Колевски: “Јуниор“ лигата ти овозможува да се изградиш како добар играч и претставува голем предизвик за нас младите

Петар Колевски: “Јуниор“ лигата ти овозможува да се изградиш како добар играч и претставува голем предизвик за нас младите

РК Илинден е новиот овојувач на ракометната “Јуниор“ лига, кај генерацијата родени 2004/05 година. Избраниците на Дарко и Александра Јанев најпрво во полуфиналето успеаа да го победат најголемиот фаворит и минатогодишниот освојувач, екипата на РК Бисинов и тоа со минимален триумф. Во големото финале тие за противник го имаа РК Карпош, против кој издвојуваа полесна победа. На тој начин Илинденци се закитија со златниот медал во ова натпреварување. Најзаслужен за пласманот во големото финале беше Петар Колевски кој натпреварот со Бисинов го заврши со 9 постигнати голови. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од завршниот турнир во оваа возрасна генерација.

-На почетокот од сезоната на “Јуниор лигата бевме со еден играч помалку и тоа претставуваше голем проблем за екипата. По враќањето на нашиот соиграч и со напорни тренинзи почнаа да се редат нашите успеси. Имавме доста добри противници но сепак со напорната работа очекувавме пласман на завршниот турнир во нашата генерација. Иако со само 7 играчи игравме против фаворитот Бисинов тоа не претставуваше многу голем проблем за екипата. На крајот сепак ни се оствари желбата да го победиме фаворитот и да влеземе во финалето со голема желба за трофејот. Таму за противник го имавме РК Карпош од Куманово, каде имавме постојано водство и контрола на резултатот и мислам дека ниту во еден момент не беше доведена во прашање нашата победа. Иако мора да се напомене дека и финалето го одигравме без ниту една единствена замена од клупата, за разлика од нашиот противнико кој често имаше можност да ротира на теренот.

vardarfans-kolevski

Лигата е полн погодок за младите натпреварувачи, кои се повеќе ја учат ракометната игра и стекнуваат големо искуство во овој спорт.

-“Јуниор лигата“ е многу добар проект на РК Вардар и претставува голем предизвик да бидеш дел од неа. Истата ти овозможува да се изградиш како добар играч, а најинтересно е да патуваш по други градови и да запознаеш нови другари.

Едни од најзаслужните за успесите се тренерескиот тандем, Дарко и Александра Јанев, кои имат големо играчко искуство. Дарко сеуште активно игра, каде моментално е член на РК Охрид 2013 и поранешен играч на Вардар.

-Да се работи со тренерскиот тандем Јаневи е големо задоволство бидејки имаат професионално ракометно искуство и тоа ни го пренесуваат на најдобар начин кое ни помага за големи успеси.

Звонко Ивановски