Веќе се одиграни 14 коло во Македонската кугларска лига, а нашата цел на коло до крај веќе е остварена. Црвено-црниот кугларски колектив имаше зацртано цел да биде “вице-шампион“ на македонското куглање и ја оствари. Вардарци завршуваат на втората позиција зад шампионот екипата на КК Макпетрол.
Во битка со екипата на КК ГТЦ Мусандра за втората позиција вардрци во клучниот меч победија со 5-3. Со овој противник во лигата игравме три мечеви, по првите два беше еден-еден во триумфи. На клучниот третти меч кој се играше во 13.коло победивме во финишот. До крајот ни останува натпревар со екипата на шампионот КК Макпетрол, истиот нема никакво натпреварувачко значење за двата кугларски колективи и неможе да ја промени нивната позиција на табелата. Тие дојдоа до нова титула, а ние успеавме да ја одбраниме втората позиција на која сме пласирани третта година по ред во МКЛ. Следна цел е финале во Купот на Република Македонија во куглање. Во истиот лани бевме финалисти и завршивме со “сребро“, а годината претходно бевме Шампиони и големиот пехар заврши во наши раце.
Според распоредот за ова натпреварување на 29-ти месецов се закажани квалификациите во кугларницата “Мусандра“. На истите ќе се одредат најдобрите четири колектива. Тие ќе формираат два полуфинални пара кои на 6-ти мај ќе го играат првиот, а на 13-ти вториот меч од полуфиналето. Подобрите во овие дуели ќе влезат во борба за златото. Финалето годинава е закажано за на 29-ти мај, локацијата за истото ќе биде дополнително утврдена.