Вардарки го потврдија пласманот на завршниот турнир во Будимпешта, со уште една победа но пред својата публика. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните по втор пат го победија Митјиланд со резултат 26:24. На прес-конференијата после завршување на мечот, пред медиумите се обрати помошниот тренер, Аце Станковски, кој истакна дека Митјиланд одиграл подобро на реваншот во Скопје.
-Во Скопје ривалот одигра подобро отколку во првиот меч. Ние одигравме слабо прво полувреме, поради многуте технички грешки, што не е карактеристика за нашата игра. Митјиланд одигра цврсто во одбрана, силно и агресивно, што не беше случај на првиот меч. Тоа не нѐ изненади, и знаевме дека Митлијанд нема да се предаде, туку ќе се обиде да одигра што подобро од она во Икаст. Тоа и се случи. Но, во второто полувреме одигравме подобро, и поборбено, ги намаливме техничките грешки. Не дозволивме да постигнуваат лесни голови. Со поагресивна игра во второто полувреме дојдовме до поволен резултат што не носи во Будимпешта.
Андреа Човиќ денес одигра одличен натпревар и заедно со Пенезиќ постигнаа по 6 голови.
-Сакам да им честитам на моите соиграчи за уште еден пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта, и на Митјиланд за добрата игра. Во првото полувреме ние имавме многу технички грешки и затоа не успеавме да реализираме, а во второто полувреме игравме поагресивно, па не ги правевме истите грешки.