Во сабота своите натпревари од 15 првенствено коло во регионалната-скопска лига ќе ги одиграат генерациите на Вардар родени 2002 и 2003 година, а противник ќе ни биде екипата на Шкупи. Првично овие мечеви требаше да се одиграат во недела на стадионот на Шкупи, но поради натпреварот на првите тимови на Шкупи и Вардар, овие мечеви ќе се одиграат во сабота на теренот на академијата.
Вардаровата генерација “2002“ после поразот против Работнички и нерешениот резултат против Металург, нема право веќе на киксови. Натпреварот со Шкупи ќе биде борба за втората позиција на табелата, со оглед дека Вардар е на само бод повеќе од тимот од Чаир. Работнички е далеку на првата позиција на табелата со осум бода повеќе од нашиот состав. Во есенскиот дел на истиов терен, црвено-црните беа убедливи забележувајќи победа од 5:0. Тогаш по два гола постигнаа Илиевски и Игнатов, додека еден беше дело на Крстевски. Вардар мора да победи, за да ја подигне самодовербата во продолжение од сезоната. Мечот во сабота на теренот на академијата ќе започне од 13:00 часот.
Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ се очекува да стигне до својата 15 победа од исто толку одиграни натпревари. Избраниците на Томче Трајановски играат перфектна сезона и немаат големи проблеми околу освојување на бодовите. Убедливо се наоѓаат на првото место на табелата, со пет бода повеќе од Милано и дури осум повеќе од екипата на Шкупи, која е наш следен протиник. Вардар славеше во првиот дел од сезоната со 3:0. Тогаш стрелци на головите беа Сељанац, Давидовски и Ѓорѓоски. Натпреварот со Шкупи се игра од 11:00 часот на академија.