Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Битката“ започнува во Фленсбург, “војната“ завршува во Скопје

“Битката“ започнува во Фленсбург, “војната“ завршува во Скопје

Дојде време за одмазда, дојде време Вардар да ги расчисти сметките со екипата на Фленсбург. Денес на програмата е првиот четврфинален дуел од лигата на шампионите, кој се игра на теренот на противникот, во “Фленс“ арената. Двете екипи во истава сала играа пред три сезони, кога домашниот тим испадна како победник и славеше со резултат 27:25. Од тој натпревар пред три години и овој денес, екипата на Фленсбург ја напуштија Кауфман, Богуновиќ, Драшко Ненадиќ, Вајнхолд, Кнудсен. Сепак четирите најдобри стрелци од споменатиот натпревар и утре ќе ги гледаме во дресот на Фленсбург. Има големи промени и во составот на Вардар од тој двомеч пред три сезони. Дел од црвено-црните не се веќе Козлина, Брумен, Тоскиќ, Чипурин, Лазоров, Прибак, Малумбрес, Петриќ, Марковиќ, Растворцев и Раковиќ. Игор Карачиќ беше наш предводник на тој прв натпревар, постигнувајќи дури 9 голови.

Фленсбург беше дел од најсилната група А, каде заврши на четвртото место. Избраниците на Љубомир Врањеш имаа седум победи, еден нерешен резултат и шест порази. Во оваа арена, нашиот противник загуби дури четири натпревари и тоа во дуелите со Кил, Веспрем, Барселона и ПСЖ. Интересно е што ниту еден нивни играч нема во листата на ТОП-50 најдобри стрелци, а што се однесува до најдобрите стрелци во екипата, првото место е за Гландорф кој има 47 погодоци. По него се Кентин Мане и Андерс Егерт, кои имаат по 41 постигнат гол. Сепак најголемата опасност може да доаѓа од Шведскиот голман, Матиас Андерсон, кој знае да биде незгоден за противничките играчи доколку има свој ден. Фленсбург моменално е лидер во бундеслигата со еден бод повеќе, но и натпревар повеќе од екипата на Рајн-Некар. По нерешениот резулат на Кил на домашен терен, се поизвесно е дека Фленсбург и Рајн-Некар ќе се борат за трофејот во лигата. Нашиот денешен противник го загуби и купот, откако во финалето беа поразени од Кил, а загубија и меч во првенството од тимот на Фуксе Берлин. Во осминафиналето од ЛШ, многу потешко од очекувањата го поминаа Брест Мешков, но во последните пет минути од мечот трепереа, кога Белорусите имаа предност. Сепак со фуриозен финиш, избраниците на Врањеш ја надоместија негативата и славеа со два гола разлика.

Вардарци со натреварите од завршниот турнир во СЕХА-лигата, каде ја освоија истата, ја темпираа својата форма и се подготвуваа за овие два големи и можеби најважни мечеви оваа сезона. Тренерот Гонзалес ги има сите играчи на располагање и сите треба да дадат максиум од себе да оствариме позитивен резултат на овој прв меч во Германија. Натпреварот започнува во 17:30 часот со директен пренос на МТВ-1. Му посакуваме среќа на нашиот Вардар, во обид да извлече поволен резултат уште на овој прв натпревар на гостински терен.