Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, пионерите фуриозно против Јерузалем на турирот во БиХ

Момците на Будимир, пионерите фуриозно против Јерузалем на турирот во БиХ

На  4-от меѓународен ракометен турнир “Ракометот во срце” Завидовиќ, Жепче и  Маглај денес нашите пионери го одиграа и четвртиот натпревар. Тие утрово игра еден меч, на кој одиграа реми. Во натпревар со екипат на Јерузалем, момците на Будимир дојдоа до победа со 15-11 (8-6).

barak5

Први со гол мечот го отворија играчите на нашиот противник кои поведоа 1-0.  Никола Жерновски веднаш во следниот напад возврати со погодок за 1-1. Во следните шест минути се играше цврсто двата тима постигнаа  по само два гола и во 8.минута резултатот беше 3-3. Потоа следеше вистинската игра на црвено-црните тие одиграа јака одбрана и со серија 3-0 поведоа со 6-3 во 11.минута. До крајот на првите 15 минути се играше гол за гол, нашиот противник благо ублажи. На одмор отидовме со преднос за вардарци  8-6.

barak3

Вториот дел со гол го отворија нашите момци, одигравме одлично и на почетокот правиме серија 0-3. Со еден гол на Димчевски и два на Чакалиќ поведуваме со “плус пет“ односно со резулта 6-11 во  19.минута од натпреварот. Противникот Јерузалем намали на 7-11, потоа следеше наша голема доминација во продолжение 8-15. Ние поведовме со “седум плус“ на 5 минути до крајот нашата победе веќе беше сигурна. Докрајот поради мало опуштање противникот намали на 11-15.  Во црвено-црниот состав Чакалиќ беше прв стрелец со 5 гола, втор стрелец на овој меч беше Жерновски кој потпомогна со 4 гола. Двајца играчи постигнаа по два гола тоа беа  Грујовски и Димитриевски, а по еден пат погодија Димчевски и Калајџиев.